Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” започнаа со чистење и уредување на дел од крајбрежјето во потегот на месноста “Лагадин”, каде што претходно се работеше на отстранување на бесправните објекти.
-„Се изведуваат активности за отстранување на поситни остатоци од бетон и други градежни материјали, а се врши и уредување на дивата вегетација и кастрење на дрвјата.
На овој потег во текот на наредниот период, планирано е да бидат засадени и нови садници на дрвја.
Минатата седмица екипите на ова јавно претпријатие беа ангажирани и за хортикултурно уредување на потегот на плажата “Горица 3”, каде што се засадуваше трева и се вршеа подготвителни активности за засадување на украсно зеленило“, информира градоначалникот Константин Георгиески.

