Согласно Програма за поддршка и развој на туризмот во општина Охрид , со Одлука на советот ќе се субвенционираат четири категории на туристички дејности.
Субвенционирање на даватели на услуги во семестувачки капацитети од мал обем на подрачјето на Општина Охрид
Субвенционирање на туристички водичи на општина Охрид
Субвенционирање на даватели на услуги во селски туризам и даватели на угостителски услуги во селски домаќинства
Субвенционирање на даватели на услуги поврзани со водениот превоз и други рекреативни активности на вода и плажа на општина Охрид.
