Во Вевчани ниеден активен случај на корона

Во Вевчани нема веќе активни случаи на корона вирусот. Просторот Лабуништа, Велешта, Октиси, Подгорци, Татеши,  регион од 20 илјади жители прогласи победа на вирусот.

 

Ковид одделот е празен, а Здравственит дом „Д-р Светозар Чочороски“ во Вевчани се врати на нормалното функционирање.

–„Се вративме на нормално работење, функционира мамографијата, функционира новата каридолошка амбуланта. За месец дена ќе почне со работа и кабинетот за физикална. Патологијата на болестите е веќе нормализирана“, вели Јован Стојкоски директор на Здравствен дом во Вевчани.

Истовремено тече вакцинацијата,  над 30 % од населението од општина Вевчани е измунизирано, а на ниво на регион  7% од населението  прими вакцина против корона вирусот. 

–„Старосната граница над 60 години е некаде 60%, над 70 години преку 80% се имунизирани. Додека од целиот регион што го покриваме малку е послаба заинтересираноста,  но во псоледно време веќе има заинтересираност“, вели Стојкоски.

Стивна пандемијата и во градот Струга, во модуларната болница има само четири  хоспитализирани  пациенти. Здравствените работници работат на убедување на жителите  од струшките села за што помасовна имунизација.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани