На охридско- струшкиот регион му е потребен одржлив развој во склад со природните и културните вредности.
Отстранувањето на дивоградбите на брегот на Охридското езеро и од струшката страна мора да се случи, а потоа експертите, односно стручната јавност да изработи план за уредување на плажите во склад со заштитата на животната средина.
Потребно е одговорно управување и стремење кон елитен наместо масовен туризам.

-„Масовниот туризам е една комплетна контрадикторност на начелата за развој и не смее еден ваков регион да се стреми кон тоа. Една од препораките е да се изработи стратегија за туризам која ќе се базира на исклучителната вредност на регионот која ќе ја опфаќа таа вредност и ќе привлекува туристи кои ќе плаќаат ,ногу повеќе за да не уништуваат“, вели Драгана Велковска од иницјативата Охрид ЅОЅ.
Активистите бараат воведување ред во урбанистичкиот хаос и во струшко, повикуваат на акција за отстранување на дивоградбите од плажите и нивно еко- уредување.

-„Постои иницијатива за одредено рушење на дивоградбите но од страна гледаме дека се градат нови објекти или изградени кои не се чепкаат“, вели Никола Кукунеш активист од Струга.
Во последниот извештај на Унеско нотирани се бројни недоследности во регионот и дадена е препорака за ставање на листата светско наслелство во опасност. Дали Охридскиот регион ќе остане под закрила на Унеско, ќе се одлучува на следната сесија на Комитетот.
Новинар Соња Рилковска
