Охрид ќе добие Лајонс парк. Планирано е хортикултурно уредување на дел од потегот покрај пешачката патека од каналот Студенчишта до каналот Рача.
Изградбата на паркот е идеја на сите четири Лајонс клубови од Охрид со поддршка од општина Охрид.Оваа година ќе бидат засадени 103 садници, автохтони видови дрва на околу 1500 метри квадратни. Тие ќе се наводнуваат со техничка вода со систем капка по капка, а редовно ќе се одржуваат од страна на ЈП Охридски Комуналец со 24 часовен видео надзор.

„Ние сме горди Лајонси со овој проект што денес започнува во Охрид. Како Лајонси имаме 8 сервисни акции, првата е вид, млади, хуманитарни, дијабетес, канцер кај деца, глад и екологија. Ова е еден од поголемите настани кои се случуваат оваа година и ова е најголемиот парк што ќе е во Македонија. Имаме уште три парка во Битола, Велес и Скопје“.
Во границите на паркот, во втората фаза е предвидено да се уредат и 300 м квадратни пешачка патека, а ќе се постават клупи и канти за отпадоци по стандардите на Унеско.
ТВМ
