Собранието ќе го следат и странски делегации.
Интернационалната полициска асоцијација секција (ИПА) Македонија- ИПА регион Скопје, викендов во Охрид ќе го одржи Годишното собрание на кое, покрај членови од 9-те ИПА региони при Националната секција Македонија, ќе присуствуваат делегации од десеттина земји од регионов, членки на Интернационалната полициска асоцијација.
– Покрај работниот дел, учесниците на годишното собрание ќе имаат и туристичко разгледување на Охрид со посета на најзначајните туристички комплекси, информира м-р Стефан Димоски, претседател на ИПА регион Охрид.

