Унеско има забелешки и за културното наследство. Потполно е изменет ликот на старото градско јадро во Охрид.
Една од забелешките е несоодветна реставрација на староградските куќи. Недостатоци се нотирани во реконструкцијата на крововите на куќите кои наместо со ќерамиди и стара техника покриени се со современи материјали.
Друга забелешка е поставување на антени, клими, соларни системи, кои што ќе мора да бидат отстранети.
-„Повеќе имаме проблеми со некои надградби, доградби , дивоградби и недозволени елементи кои се додаваат најчесто на староградските куќи. 0813 Сетот тоа е недозволено и ќе мора да ги остранат понатаму“, вели Мише Тутуткоски директор на Завод и музеј Охрид.
Девастацијата на културното наследство, несоодветната грижа за верските објекти, базиликите и заштитените споменици е исто така една од забелешките на Унеско.
– „Црквите, џамиите, религионзто наследтсво е во релативно добра состојба на нив се работело и псоелдните децении се правеле конзервации, реставрации итн“, додава Тутуткоски.
Акцијата за уривање на дивоградбите во Охрид и Струга, не е доволна заложба на власта, велат експертите , се поизвесно е дека во јули Охрид ќе се најде на листата Светско културно и природно наследство во опасност.
Новинар Соња Рилковска
