Продолжува вакцинацијата со Синовак

Епидемиолошката ситуација во државата е стабилна и само мал број пациенти се лекуваат во болниците.

Министерот за здравство Венко Филипче вели, доколку продолжи овој тренд би можело да се случи во август или на почеток на септември годинава да се прогласи крај на епидемијата.

За да се прогласи крај на епидемијата, потребно е да нема нови дијагностицирани случаи два репродуктивни циклуса од 14 дена, а предвидувањата покажуваат дека ако продолжи овој тренд тоа би можело да се случи во август или на почетокот на септември оваа година.

Од денеска почнува дистрибуција на вакцините на „Синовак” во сите центри за имунизација и во центрите за масовна вакцинација, односно спортските сали и здравствените домови. Филипче посочи дека со ова се спремни за една динамика на давање прва доза на вакцина на 10 до 15 илјади граѓани на ден, како и дека од 15-ти или 20 јули е предвидена да започне теренската вакцинација.

Петстоте илјади вакцини на кинескиот производител „Синовак” што ги набави Владата пристигнаа во неделата. Станува збор за најголема пратка вакцини пристигната во земјава.

За ефикасноста и безбедноста на вакцината „Синовак”, Филипче порача дека таа е високо ефикасна за превенција на тешка болест.

– Еве ги официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО – Инкативиран САРС-Ков2 вирус, потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза, високо ефикасна за превенција на тешка болест, се дава мускулно во рамо, препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици. Препорачана за употреба кај доилки, како и кај други возрасни лица, напиша Филипче на „Фејсбук”.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани