Полициски проект „Превенција од кражби“

Проектот го спроведува одделението за превенција.

Во рамките на концептот ,,Полицијата со заедницата“, СВР Охрид и отсекот за превенција, ја отпочнаа кампањата ,,Превенција од кражби“.
Целта е зголемена заштита на граѓаните и туристите од сторители на кражби и тешки кражби во нивните патнички моторни возила и во домовите, подигнување на безбедносната култура на граѓаните за потребата од поголема внимателност, градење на партнерство и јакнење на меѓусебната доверба како и фаќање на сторители на кражби и други имотни деликти, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Кампањата ја спроведуваат полициски службеници кои се присутни на плажите, паркинг просторите и на други места во градот и крајбрежјето и кои, низ директен контакт со граѓаните ги запознаваат со кампањата и делат едукативен материјал.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани