Казни за возачите што пребрзо возат

За 5 саати, казнети 59 возачи.

Вчера, од 10 до 15 часот, на подрачјето на СВР Охрид, спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Притоа, полициските службеници санкционираа 59 возачи на моторни возила (Охрид-11, Струга-25, Кичево-08, Дебар-15), соопшти м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Димоски изјави дека „Засилените акциски контроли продолжуваат во текот на туристичката сезона со цел зголемена безбедност во сообраќајот“ и упати апел до сите учесници во сообраќајот „да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани