Георгиески оствари средба со италијанскиот амбасадор

Амбасадорот на Италија, му даде поддршка на охридскиот градоначалник за зачувување на статусот на УНЕСКО.

 

Чест ми е што денес добив поддршка од амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО, владеењето на правото и зачувување на светското природно и културно наследство на Охрид. Освен за најактуелната денешна тема и честитките за освоената европска титула на Италјанската фудбалска репрезентација, со амбасадорот Силвестри разговаравме и за унапредување на меѓусебната соработка во сферата на туризмот. Изразивме надеж дека по надминување на пандемијата со „Ковид 19“ интензивно ќе продолжат активностите за промоција на Охрид пред италјанските туристи. Тема на средбата беше и соработката на полето на културата, особено во креирање на програмата на реномираниот фестивал „Охридско Лето“, информира градоначалникот Константин Георгиески.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани