Националните комисии за Унеско на Македонија и Албанија одржаа работен состанок во Охрид.
На работната средба учествуваа Министерките за култура на двете земји, Ирена Стефоска и Елва Маргарити, министрите за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и Бленди Клоси, неговиот албански колега министер за туризам и животна средина.
Членовите на националните Комисии на Унеско од двете земји и Владите, преку Македонското министерство за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и неговиот Албански колега министер за туризам и животна средина Бленди Клоси, потпишаа изјава за заедничко посветено работење и разрешување на сите тековни и наследени предзивици во заштита на регионот, како и забрзано спроведување на соодветни активности, кажа Елва Маргарити, министерка за култура Албанија.
Потписниците на изјавата се обврзаа да работат посветено на решавање на сите проблеми, да работат на изнаоѓање на механизми за ублажување на заканите и начини како правилно да се одговори на проблемите.
