Реакција на МКМ Нова Трејд за збиднувањата во авто кампот Градиште

Реакција на фирмата МКМ Нова Трејд, која стопанисува со авто кампот Градиште.

 

Изминативе денови бевме сведоци на злоупотреба на медиумите со изнесување на лаги,клевети и невистини само со цел да бидеме оцрнети во јавноста со употреба на терминитe контрапротестанти, насилници, тепачи, узурпатори и слично… Со цел известување на јавноста за она што навистина се случуваше изминатиов период во однос на јавно изразените мислења во форма на протест должни сме да укажеме на следново: Најпрво. Никој не го спори правото на здружението Оревче да протестира и на тој начин да си ги остварува своите права.Но,протестот треба да биде насочен према институциите на системот и према оние кои тоа право им го негираат. Во нити еден момент не сме ги негирале или побивале правата на тоа здружение,бидејќи едноставно немаме допирна точка со тоа.Нивниот спор е со институциите на РСМ. Компанијата МКМ Нова Трејд ,во моментов има уреден договор за закуп врз основа на кој периодов стопанисува со авто кампот Градиште. И тоа е факт.Се до негово раскинување или поништување, овој договор за закуп произведува правна сила. До ден денес иако се манипулира со термините правосилни и извршни пресуди на Управниот суд,никој не си го поставува прашањето зошто не се побара нивно присилно извршување преку надлежен Извршител? Со тоа би се извршила промена на сопственоста и членовите на здружението би си ги оствариле своите права.Освен доколку таква одлука не постои. Подзакупецот на кампот и камперите,граѓаните што сакаат да ги користат плажите во Градиште, не се орган што може да им ги врати имотите на граѓаните,нити пак да влијае на одлуката на судови,комисии и слично. Сосема погрешно на камперите кои самоиницијативно решија да си ги остварат своите права,како што си ги остваруваат и членовите на здружението Оревче,им се става етикета контрапротестанти. За да постои контра протест треба да постои несогласување околу една иста тема на протест,односно два различни ставови. Камперите и Компанијата МКМ Нова Трејд НЕ НАВЛЕГУВААТ во остварување на правата на членовите на здружението Оревче ,нити пак можат тоа да го сторат.Напротив ги охрабруваат да се борат за своите права,но против оние кои што тие права им ги оспоруваат,а не против лица кои немаат допирна точка со тоа. Камперите реагираат само на нивното ограничување на слободата на движење која им е загарантирана со Устав и закон,која слобода може да биде ограничена само од НАДЛЕЖЕН ОРГАН под точно определени услови. Веќе трет викенд по ред,истите не можат слободно да пристапат до своите камп приколки за кои уредно плаќаат закупнина,за која уредно имаат склучено договори за подзакуп.Зарем некој би се дрзнал да издава во закуп,односно подзакуп нешто ако нема уреден правен основ за тоа??? Камперите и компанијата МКМ НОва Трејд не се узурпатори,не се сопственици на автокампот,нити пак на земјиштето.Тие се моментални закупци и корисници! Правото на протест на здружението Оревче не е појако од правото на слободно движење на секој граѓанин на територијата на РСМ, нити пак обратно.Не може и не смее едно право да крши друго право,односно да се остварува едно право со кршење на правото на друг. Неправото никогаш не може да создаде право. Токму од тие причини и на членовите на здружението им беше понудено,во интерес на мирот на сите,слободно да протестираат ако сакаат и внатре во кампот,но на начин што ќе ги почитуваат и правата на другите слободно да се движат.Се надеваме дека во меѓувреме ќе се најде заедничко решение на таа тема. Во однос пак на наводниот инцидент и физички напад, овде подносителите Бени Ѓурчиноски и Крсте Велјаноски категорично ги отфрлаат како невистини наводите на лицето Андријана Башоска дека физички ја нападнале,дека наводно ангажирале тепачи и слично. Имено,лицето Бени Ѓурчиноски на ден 12,07,2021 год. не присуствуваше на протестот од лични здравствени причини и се наоѓаше во Скопје,па оттука нејасно е како истиот ја нападнал и повредил Андријана Башоска. Намерата е јасна. Крсте Велјаноски пак од друга страна во момент кога лицето тврди дека била нападната се наоѓаше на најмалку 4-5 метра оддалеченост од истата,измеѓу нив има други лица и најмалку 6-7 полициски службеници,а околу нив уште други 10-тина припадници на СВР Охрид.Доколку имало било каков физички контакт или напад, зарем полициските службеници немаше да ги приведат “напаѓачите”? Веруваме дека надлежните органи ќе ги превземат сите потребни дејствија за што побрзо расчистување на инсценираниот настан,ќе утврдат кој и што превзел,па оттука доколку утврдат било каква одговорност на наша страна спремни сме да ги сносиме последиците за тоа,но доколку утврдат нешто друго,тогаш бараме да поднесат соодветни кривични пријави за лажно пријавување.Уште еднаш напоменуваме дека се работи за сценарио со цел да се наруши нашиот углед и реноме, за што од наша страна ќе бидат покренати и соодветни граѓански тужби за клевета и навреда,па во однос на овие тврдења оставаме институциите на системот согласно нивните законски надлежности да ја утврдат вистина. Сепак медиумите да не го забораваат и начелото на презумпција на невиност, односно дека секој е невин се додека во судска постапка не се докаже спротивното.Се дотогаш бараме да не се злоупотребуваат поимите и класификациите на овде подносителите како насилници,узурпатори,тепачи и слично. Со оваа наша реакција апелираме овие настани да не се злоупотребуваат и во политички цели,со оглед да на еден од протестите се појавија и пратеници од власта и опозицијата.Истите тие пратеници се избрани од сите нас и ако навистина сакаат да им помогнат на членовите на здружението Оревче ,тоа можат да го сторат и од собраниската говорница и низ сите други надлежни институции,а не со декларативна подршка на протест,со кој пак се ограничуваат нашите права на слободно движење.тие би требало да се заштитници на сите нас,а не само на некои.Сепак се претставници на народот. Оваа наша реакција и известување ќе биде последна се до конечно расчистување на последните настани низ судските инстанци.Немаме намера да ја оптоваруваме јавноста со секојдневни изјави како што тоа го прават одредени лица и апелираме на воздржаност,смиреност и почитување на правата на секој еден граѓанин на оваа земја, стои во реакцијата на фирмата која стопанисува со авто кампот Градиште 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани