Охрид за Илинден преполн со туристи

Традиционално за Илинденскиот продолжен викенд Охрид е прпеолн со туристи.

 

Приватните сместувачки капацитети за овој период околу празниците се потполно исполнети. 

Иако годинава споредбено со лани има одреден број странски туристи, сепак тоа е многу помалку од времето пред коронаепидемијата.

Најбројни ова лето се туристите од  Полска и  Украина, во помал број од  соседните земји. Има и гости од Холандија, но далеку помалку, само два чартер летови неделно. 

Има и голем број иселеници,  кои после една година успеаја да дојдат во татковината, но  дијаспората од Австралија и САД и оваа година  ја нема.

Состојбата ан полето на туризмот е подобра во однос на лани но не може ниту да се споредува со рекордната 2019 година кога на Охридското крајбрежје беа остварени околу 1,5 милиони ноќевања.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани