Еднократна награда ќе добијат сите работници на општинските јавни претпријатија кои беа теренски ангажирани во текот на продолжениот илинденски викенд, како признание за вложениот труд и успешно реализираните активности.
Упатувам искрена благодарност за нивниот ангажман и посветена работа, која придонесе за соодветно комунално функционирање на градот и покрај огромниот број на туристи, информира гадоначалникот Константин Георгиески.
