Георгиески: Противпожарна единица е екипирана и подготвена за делување на терен

Територијалната противпожарна единица е екипирана и подготвена за делување на терен и до сега ги реализирала сите мерки за превенција од пожари на отворено во Охридскиот регион.

Со охридските пожарникари претпладнево разговаравме за подобрување на условите за работа на службата, набавка на дополнителна опрема и возила.
Охридската противпожарна служба, од почетокот на оваа година до денес реализирала над 180 успешни интервенции на територијата во Охридскиот регион.
Упатувам апел до граѓаните да бидат внимателни при престојот на отворено и да не палат оган во природа, со цел да се спречат несакани последици, информира градоначалникот Константин Георгиески.

Можно е да е слика од 7 луѓе, луѓе што стојат и надвор

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани