Амбасадорката Брнз во посета на НП Галичица

Денес, американската амбасадорка – нејзината екселенција г-ѓа Кејт Брнз ја посети Јавната установа Национален парк Галичица (ЈУНПГ).

За време на остварената посета амбасадорката на САД беше запозната со работата на ЈУНПГ, нејзината управувачка структура, проектите и процесите кои ги имплементира, како и за нејзината улога во активностите поврзани со препораките на УНЕСКО кои беа нотирани во последните два извештаи.
Исто така, американската амбасадорка беше запозната и со следните планирани активности на ЈУНПГ во поглед на препораките на УНЕСКО, но и активностите кои институцијата ќе ги презема согласно Планот за управување со Националниот парк Галичица за периодот 2021 – 2030 година.
Со амбасадорката беше дискутирано и за можностите за поддршка од страна на Американската амбасада на активности поврзани со еколошка едукација и оддржлив развој реализирани од страна на Јавната установа национален парк Галичица.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани