Расте бројот на заболени, повторно отворени модуларните болници во охридско-струшкиот регион.
Во Охрид има 4 хоспитализирани пациенти од кои двајца невакцинирани и 2 вакцинирани со две дози. Во Струга на болничко лекување три пати повеќе, хоспитализирани се 12 лица од кои 8 се на кислородна поддршка.
Најмладиот пациент кој се лекува во струшката болница има само 19 години.
-„Во последната недела откако почна хоспиталузација на пациенти имаме константно хоспитализации. Во однос на возраста станува збор за помлада популација затоа и апелот е да се вакцинираат граѓаните и да бидат подисциплинирани бидејки само на тој начин ќе се чуваме себеси и нашите најблиски“, вели Арменд Арслани директор на болница Струга.
По најавата на нови мерки, зголемен е интересот за вакцинација особено кај младите во Охрид.
-„Овие денови имаме поголема заинтересраност и воедно и поголема гужва. Гледаме гужвата да ја намалиме со тоа што треба да се почитува терминот за ревакцинација и ке немаме гужва. Ги одделивме пациентите на едно место прва доза на вакцина на друго ревакцина“, вели Соња Мариноска-раководител на служба за здравствена заштита Охрид.
На вакциналните пунктови во охридската болница се чекаат редици и по еден час за вакцина.
Двата туристички центри во земјава изминатава сезона се преполни со туристи. Се организираа стотици свадби, концерти и забави со илјадници гости, ретко каде се почитуваа протоколите за заштита од вирусот. Имало и свадби на кои организаторите бле заразени со вирусот, но не ги откажаа веселбите.
Новинар Соња Рилковска
