Угостителите реагираат на новите рестрикции

Адаптација на пакетот мерки што ги определи Владата за работењето на угостителските објекти.

Тоа е барањето што до властите ќе го достави Општина Охрид по денешната средба на охридските угостители со градоначалникот Константин Георгиески и претставници на Локалната самоуправа.

Угостителите од Охрид се на став дека најновите мерки за заштита од Ковид-19 не се добро осмислени, како и оти оставаат неодговорени прашања за начинот на кој ќе се одвива нивното работење после 16-ти август.

Средбата  беше реализирана на барање нa угостителскиот еснаф и ХОТАМ.

– Очекувавме повеќе одговори од Државниот пазарен инспекторат, но за жал тие биле спречени да дојдат на денешната средба. Се донесе заклучок дека, нашите барања коишто се однесуваат на новиот пакет, кој сметаме дека не е добро составен, да бидат ревидирани и да се изврши извесна адаптација на истите. Ќе чекаме одговор од повисоките инстанци, дали ќе најдат слух за нашите барања, рече Михаил Мишев, претседател на Охридскиот еснаф на угостители од Охрид.

Забелешките од страна на угостителите во најголем дел се однесувале на плановите за воведување редарска служба, потоа за начинот како да се постапува со гостите кои веќе влегле во државава и се сместени во хотелите врз основа на нивниот статус околу вакцинацијата, а нејаснотии се појавуваат и за тоа како да се постапува со веќе закажаните свадби.

Градоначалникот Георгиески истакна дека Општина Охрид и Советот на Општина Охрид ќе ги разгледаaт законските и правни можности за изготвување на иницијатива или барање со одредени конструктивни предлози, во однос на донесените мерки кои би се доставиле до надлежните институции на централно ниво.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани