Во Охрид одбележан Светскиот ден на органодарителството

Со делење едукативни флаери за подигнување на свеста кај населението здружението „Храбро срце“  денес во Охрид го одбележа  Светскиот ден на органодарителството.

 

Органодарувањето е највозвишениот чин, тоа е спасување на живот. Од еден кадаверичен донор можат да се спасат дури 8 човечки животи на кои им е неопходна трансплантација. Вкупно во земјава 20 тина пациенти се уште  чекаат тансплантација на срце, а најмладиот од нив има само  16 години.

Нема достапен опис

– „Јавни личности  се приклучија на капмањата се приклучи македоснката православна црква, синододт не поддржа не поддржуваат  и познати кардиохирурзи Д-р Јовев, академик Жн Митрев значи се поголема и поголема е поддршката“, вели Васко Јолески претседател на „Храбро срце“.

Реномирани доктори од Охрид и Струга дадоја целосна поддршка за важноста од донирање органи по нечија смрт.

Нема достапен опис

-„Последната година успешно направените трансплантации не мотивира дополнително да го поддржиме ваквиот начин на кампања за развивање на свеста кај граѓаните и анјголема поддршка за пациентите кои се на листа на чекање за трансплантација на органи“, вели д-р Елена Башуроска, специјална болница за кардиологија.

-„Заеднички може да овозможиме што повеќе храбри срца како срцето на Еилија Днева да продолжат да чукаат и да внесат нов живот а не постои ништо повозвишено д ваквиот чин. Јас донесов одлука  сите можеме. Дарувај орган, дарувај љубов спаси живот“, вели д-р Арменд Арслани директор на струшката болница.

Минатата година беше извршена првата трансплантација на срце од починат донор во земјава, годинава тоа станува пракса и влева надеж  кај пациентите кои чекаат трансплантација. Досега во земјава имаше четворица органодарители од кои можеше да се искористи срце.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани