Изложбата во чест на Конески во Вевчани ја посети и министерката Стефоска

Вевчани за Блаже Конески е насловена изложбата по повод одбележувањето на 100 – годишнината од неговото раѓање (1921 – 2021),посветена за познатиот македонски лингвист,книжевен  историчар, поет, професор, академик и Кодификатор на современиот македонски литературен јазик, што неодамна е отворена во ова познато туристичко место.

Изложбата ја посети и министерката за култура Ирена Стефоска,со своите соработници,авторот Мишо Китаноски,детално ги запозна со изложените фотографии и факсимили,притоа,посочувајќи дека се изложени досега непознати работи за Блаже Конески.Тоа се: семејното стебло на Конески кое го состави токму Китаноски,потоа еден новопронајден документ во кое се зборува за неговото ранување во НОБ,стара фотографија на која е тој со семејството од 1928 година,тимот со кој работел во Горно Врановци и друго.


Меѓу другите на изложбата се презентирани и два документи,песната за монахот Неофит од Вевчани и писмото во кое тој им се заблагодарува на вевчанци што му ја доделија Повелбата на печалбарството.


Исто така во тој ден изложбата „Вевчани за Блаже Конески“ја посетија и студенти на групата за македонски јазик на универзитетот во Будимпешта,Унгарија,кои по разгледувањето на поставката поразговараа со авторот Мишо Китаноски.

Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани