Судска постапка и за депонијата Буково

Струшките активисти бараат решавање на проблемот со депониите во регионот.

Двете депонии, една  во градот  Струга, другата на превојот  Буково го загадуваат сливот на Охридското езеро, а нивното затворање е  една од препораките за зачувување на статусот на Унеско.

Идејата за изградба на современа депонија во Југозападниот  регион во земјава  со години тапка во место. Не е  предвидена ниту локација откако поради протести отпадна селото Годивје во Дебрца.

-„Во нашиот закон, во нашата легислатива е забрането псотоење на вакви нестандарди депонии.Тука не зборуваме за одржување овие депонии се нестандардни, нелегални поставени се спротивно  на сите правилници за поставување депонии и треба да не постојат“,  вели Глигорие Ќатоски правик и активист од Струга.

Ова лето состојбата е алармантна во  Буково, депонијата секојдневно гори и загадува. Правниците од Струга им понудија помош и на жителите, кои организираа  протести, правда да бараат преку судска постапка.

 „На правен начин да се преземат некои мерки и чекори , во стилот што го направивме и со струшката депонија. Да се преземе соодветна правна акција за да побараме државата да си ги врши своите обврски согласно законот за управување со отпад и  законот за ивотна средина“, додава Ќатоски.

Во меѓувреме тече судската постапка за струшката депонија по  првата граѓанска тужба поднесена од Здружението млади правници, против министерството за животна средина, општина Струга и комуналното јавно претпријатие.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани