Јавна расправа за Студенчишкото блато

Повеќегодишните напори за Студенчишкото Блато, ќе финишираат со законска рамка.

Миинистерството за животна средина и просторно планирање и Општина Охрид, на 14 септември, организираат јавна расправа, по Нацрт Законот за прогласување на Студенчишкото Блато за парк на природата. 


Јавната расправа ќе биде организирана on line на ЗООМ платформата на 14.09.2021 (вторник), со почеток во 11:00 – 13:30 часот. Заради транспарентост во постапката и вклучување на локалното население ќе се врши ре-продукција во живо на јавната расправа во Општина Охрид. Локалното население ќе може да ја следи и учествува во јавната расправа преку видео бим кој ќе биде поставен во големата општинска сала во Општина Охрид. На ова локација ќе бидат почитувани КОВИД мерките пропишани од Владата на Република Северна Македонија.

Повеќе поединости за настанот, тука…

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани