Доделени 43 таблет компјутери за учениците во Охрид

Доделени се 43 таблет компјутери, наменети за ученици од социјално ранливи категории, за следење на наставата, по новиот концепт и програма за IV одделение.

Електронските уреди се обезбедени врз основа на договорот за редовни телекомуникациски услуги, кој Општина Охрид го има со избраниот мобилен оператор. Дел од одобрените средства, кои се наменети за набавка на мобилни уреди за администрацијата, врз основа на моја одлука беа пренаменети и искористени за набавка на таблети за ученици. Уредите ќе бидат распределени во охридските основни училишта согласно потребите, информира градоначалникот Константин Георгиевски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани