Продолжуваат активностите за гаснење на пожарот на Галичица

Рано утринава, согласно заклучоците на вчерашниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид, екипа составена од претставници на НП “Галичица” и Територијалната противпожарна единица од Охрид се упати на терен, за да направи увид на состојбата со пожарот на планината “Галичица” и да делува каде што има потреба.

Вчерашните активностите за гаснење од воздух, врнежите од дожд и влажното време што ноќеска го зафатија Охридскиот регион влијаеа поволно за локализирање на пожарот.
Бидејќи на потегот каде што е активен пожарот е регистрирана многу мала количина на врнежи, стручните лица од кризниот штаб оценија
дека временските прилики и дождливото време не се доволни за целосно локализирање и гаснење на пожарот. Поради тоа на теренот треба активно да се делува и континуирано да се следи состојбата.
Остануваме во редовна комуникација и координација со сите надлежни институции. За сите нови детали навремено ќе ја информираме јавноста, нформира градоначалникот Константин Георгиески. 

Можно е да е слика од 6 луѓе, луѓе што стојат и надвор

 

Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат и надвор

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани