Зголемени потребите од крв, сабота крводарителска акција

Поради зголемените потреби од крв и крвни продукти за пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира вонредна крводарителска акција.

 

Акцијата  ќе се реализира на 11.09.2021 (сабота) во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во периодот од 10-14 ч. Ги повикуваме нашите сограѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција, повикуваат од Црвен крст Охрид. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани