Македонската фудбалска репрезентација до 21 вчера на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид одигра натпревар против соодветната селекција на Србија во рамки на квалификациите за пласман на ЕП 2023 во Романија и Грузија.
Дуелот заврши нерешено 0:0.

-„Почестени сме што градскиот стадион “Билјанини извори” и Охрид денеска беа домаќини на едно големо фудбалско случување.Иако натпреварот заврши со резултат 0:0, Македонската и Српската репрезентација приредија интересен натпревар и вистинско спортско уживање за љубителите на фудбалот.Големо е задоволството што овој важен натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во фудбал за играчи до 21 година, гледачите го следеа од новоизградената источна трибина, која денеска официјално беше пуштена во употреба. Наскоро ќе започне изградбата на уште една ваква современа трибина од западната страна на стадионот, со што истиот ќе биде место на кое ќе се одржуваат уште многу вакви големи спортски натпревари“, истакна градоначалникот Константин Георгиески.




