Пожарот на Галичица изгаснат, од Националниот парк денес упатија благодарност до сите кои несебично се вклучија во акцијата за гаснење.
Јавната Установа Национален Парк Галичица, Охрид искажува голема благодарност на:
Градоначалникот на Општина Охрид
Територијалната Противпожарна единица од Охрид
Центарот за управување со кризи
Дирекцијата за заштита и спасување и
Припадниците на Воздухопловниот ВИНГ на АРМ
за професионалното и несебично вклучување во гаснењето на пожарот во Националниот парк Галичица. Со својот ангажман дадоа директен придонес во намалување на штетите од огнената стихија која го загрози природното наследство на Националниот парк Галичица.

Јавната установа искажува особена благодарност на Планинска спасителна служба при Црвен крст Охрид, за учеството во активностите за справување со пожарот во Национален парк Галичица. Почнувајќи од 1-ви па се до 6-ти септември членовите на Планинарската спасителна служба заедно со вработените од Јавната установа Национален парк Галичица континуираното го следеа развојот на пожарот и учествуваа во неговото гаснење. Дополнително обезбедија целосна логистика за укажување на помош, брза евакуација на евентуално повредени лица, како и дистрибуција на храна и вода за екипите на терен.

Јавната установа исто така им се заблагодарува на:
Екипата на Охрид Ултра-Треил
Explore Ohrid
ATV adventure Охрид
Параглајдинг клубот Fly Ohrid
Off road Галичица
ММ Rent
Благоја Коруноски
за понудата волонтерски со човечки ресурси и други сопствени средства да се вклучат во гаснењето на пожарот.
