93 годишна жена од Стар Дојран излета со автомобил кај Свиништа.
На 09.09.2021 во 20.40 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, на влезот за селото Свиништа, патничко моторно возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.И.Ч.(93) од Стар Дојран, излетало од коловозот. Во незгодата Д.И.Ч. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. На местото на настанот, увид изврши увидна екипа од СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
