Доктори, професори, наставници,актери и адвокати, се најдоа на листата за советници на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид и коалицијата.
Носител на листата е Сашо Донев- претседател на ОК Охрид,
По него следува познатиот охридски актер Горан Стојаноски.
3 Билјана Тодева – наставник
4 Д- р Горан Маркоски – еминентен гинеколог од Охрид
5 Наум Јамандив – професор во охридската гмназија
6 Благородна Чупческа – вработена во банка
7 Кире Пердулоски – адвокат
8 Ана Крстеска – вработена во Универзитет „Св Апостол Павле“
9 Перчо Божиноски – професор во средното угостителско училиште
10 Александра Настоска Николоска – професор во ЕМУЦ „Св Наум Охридски“

Отчетноста, транспарентноста како и чесна и честита работа се одликите на сите наши луѓе како идни претставници на охриѓани, професионалци на вистинските места. Имаме план за Охрид и знаеме како треба да се развива Охрид во следните години. На 17 октомври заедно да започнеме нови успеси, развој и решенија за подобар Охрид. Заедно сплотени да се избориме за нашите семејства, за нашите домови, за нашиот Охрид. За победа уште во првиот круг на идниот градоначалник на Охрид, Д-р Кирил Пецаков и идното мнозинство во Советот на Општината, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ Охрид.
