Тројца професори и тројц ученици од Охрид позитивни на корона

Тројца професори од средните училишта во Охрид  и тројца ученици во ОУ „Хрсто Узунов“ се позитивни на корона вирусот.

Нивните паралелки во моментов се во изолација. И покрај тоа што има поединени случаеви на заболени наставата во останатите охридски училишта непречно се одвива. Од локалната самоуправа велат запазени се сите протоколи на безбедност и заштита.

-„Обезбедени се  средства за хигиена, дезинфекција, според протокол запазени се начините на влегување на учениците, контрола на учениците согласно протоколите на министерството за здарсвтво и образование. Можам да кажам дкеа во моментов наставата во сите основни и средни училишта во Охрид се одвива непречено, се разбира дека имаме поединечни случаи на заразени или позитивни на Ковид 19, но почитувајќи ги сите протоколи, наставиот кадар и директортите и родителите на училиштата постапуваат по протоколи и насоки“, вели Томе Џамтоски портпарол на општина Охрид.

Изминатиот период подобрени се условите во сите училишта во градот. Има услови за безбедна настава и во ек на пандмеијата, тврдат од локалната смаоуправа.

– „Како што знае јавноста  имавме реновирање на голем де од училиштата во градот , условте, внатрешно ентериерно уредување. Така да  наставата оваа учебна година се одвива в многу подобри услови и верувам дека  ќе биде безбедно и во иднина и за наставниците и за професорите“, додава Џамтоски.  

Сите позтивни на корона вирусот се во излоција и според епидемиолозите утврдени се сите контакти и  цели паралелки на заразените се во изолација.

Во детските градинки во Охрид нема ниеден позитивен случај на корона вирусот, ниту воспитувачи ниту деца.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани