Во Вевчани изложба на сликарите Мукоски и Спировска

По повод 77-годишнината од ослободувањето на Вевчани, на 18 септември 2021 во новоотворениот културен информативен уметнички центар,во Вевчани,беше  отворена ликовна изложба на м-р Ангелина Спировска и м-р Владо Мукоски,академски сликари од Скопје.

Насловот на серијата ликовни дела,„Метакосмија“и истат на почетоков од летово беше отворена во Македонскиот културно-информативниот центар во Софија,соседна Бугарија.
На изложбата со поздравно обраќање настапи градоначлникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски,додека осврт за творештвото на двајцата истаканти македонски ликовним уметници,Спировска и Мукоски даде новинарот и писател Мишо Китаноски,кој во исто време ја отвори изложбата.Притоа,тој меѓу другото истакна дека овие нови ликовни дела на двајцата сликари се создадени во време на пандемијата,односно кога луѓето беа приморани да се самодисциплинираат и изолираат што претставува едно силно внатрешно емотивно доживување и инспирација.


Двајцата автори со отворени очи гледајќи на самоизолацијата како затворен празен меѓупростор,односно затворени во себе,на најдобар начин им послужи како предизвик за инспирација која преку боите трагаат во Метакосмијата во човекот и во неговот интимен свет,истакна во својот осврт М.Китаноски.
Ова изложба,наскоро ќе биде отворена и во Велес.

Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани