СДСМ на градскиот плоштад го означи почетокот на изборната кампања.
-Дојде време уште еднаш да се обврземе пред вас и пред себеси дека ќе работиме уште повеќе за интересите на Охрид!
Дојде време на дела наместо празни зборови.
Дојде време на работници и градители наспроти ловци на фотељи.
Дојде време на храброст наспроти лицемерие и страв.
Дојде време за уште една ГОЛЕМА ПОБЕДА ВО ОХРИД!, повика актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на СДСМ Константин Георгиески.



