Кривична за лешанец, ја злоупотребил службената положба в „Македонски шуми“.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ѓ.(31) од селото Лешани, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, во текот на оваа и минатата година, во својство на референт за сеча и дотур во ЈП „Македонски шуми“-Шумско стопанство Охрид, неовластено издал 16 фиктивни испратници за превоз на буково огревно дрво кои, при контрола не се пронајдени и заверени, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
