Гарантирам способост, знаење, човечки капацитет сигурност во себе и својата чесна намера пред се во љубовта кон Охрид и Македонија, рече кандидатот за градоначалник на Охрид Кирил Пецаков на вечерашниот митинг на ВМРО ДПМНЕ на Античкиот театар.
Отчетноста транспарентноста како и чесна и честита работа се одликите на сите наши луѓе, како идни претставници на охриѓани, професионалци на вистинските места. И не се прашувајте како може по сите случувања да имаме толкава верба, како генерација во целост сега е времето наше , сега треба да застанеме цврсто, гордо и достоинствено. Мои охриѓани бидете убедени дека никогаш нема да ве разочарам. Народот е свесен позитивнната енергија, силната мотивираност, атмосферата се тука да сработиме максимално и посветено победата на 17 октомври е тука, наша е уште во првиот круг.
За победа уште во првиот круг и мнозинство во советот на општина Охрид за градоначаник и ново советничко мнозинство приоритет има да бидат граѓаните и решавањето на нивните проблеми. Ветуваме сериозно подобрена комуникација со граѓаните и нивната вклученост во носењето на одлуки како и политики.
Охрид е лулка на ВМРО и стожерот на Македонија, нашата сила е во тоа што сме сите заедно, народот е нашата сила. Имаме план за Охрид како да се развива во следните години. Ние сме тие кои имаме обврска да ја градиме светлата иднина на Охрид, гарантираме проекти за промени и победи. Град во кој младите треба да го гледаат својата иднина, град кој треба да блесне со сиот свој сјај, град атрактивна туристичка дестинација. Ќе го направиме еконосмки силна општина со сериозни проекти и инвестиции, со буџет креиран од страна на граѓаните согласно нивните потреби, ќе се бориме за секое работно место, нови инвестиции, индустриска зона во која локалните компании ќе најадат интерес и за отворање на нови работни места со што ќе се сопре ислеувањето. Ќе ја подобриме инфрастуктурата, ветувам изградба на ново модерно основно училиште, изградба на градинка, поддршка за спортот и спортските клубови, нови мултифункционални современи игралишта”, рече Пецаков.
Пецаков се заблагодари на своите родители и семејството за поддршката која му ја даваат.
-„На самиот крај горд сум и благодарен на моите родители и мојата фамилија кои што во сиот овој период ми даваа безрезервна поддршка за да стигнам таму кај што сум и заедно со вас охриѓани да ги псотигниме резултатите со кои што сите ќе се гордееме и од Охрид ќе започне промената, позитивната промена и доаѓањеро на ВМРО ДПМНЕ на власт“, додаде Пецаков.
