Пожар на депонијата Буково, од Комуналец велат намерно се спалува

Депонијата во Буково повторно гори и загадува. Жителите од околните села најавуваат нови протести и блокади.

 Оваа слика  е од синоќа, на нив се гледа силен пожар, а чадот и смрдеата стигнаа до селото Куратица.

Жителите од околните села велат, со месеци состојбата е критична во селата околу Буково. Има страотно загадување на почвата, воздухот и водата, , алармиравме протестиравме но проблемот се уште не е решен. Овој пат не само протести ќе организираме и блокади на патот Охрид Ресен, најавуваат револтираните жители.
Активистте и правниците од Струга им понудија помош на мештаните, правда да бараат и преку судска постапка.

„На правен начин да се преземат некои мерки и чекори , во стилот што го направивме и со струшката депонија. Да се преземе соодветна правна акција за да побараме државата да си ги врши своите обврски согласно законот за управување со отпад и законот за животна средина“, додава Ќатоски.
ОД ЈП „Охридски Комунлец“ велат се работи за намерно потпалување на депонијата.

„Поднесов пријава до МВР, се работи за класично потпалување на депонијата не се работи за природно настанат пожар и ги повикав и МВР и Јавно Обвинителство да постапат. Потрошени се огромни парични средства за санирање на пожарите. Ова е свесно и намерно потпалување. Очигледно е дека со секое ново депонирање на отпад ќе има и ново палење и затоа повикувам на почести патроли на депонијата од СВР Охрид“, вели директорот на ЈП Охридски Комуналец Љупчо Грданоски.

Депонијата Буково со години е жешка еколошка точка. Таа е нотирана и во извештајот на Реактивната мизија на УНЕСКО од 2017 година, а рокот за нејзино затворање беше 2020 година, но не само што не е затворена туку продолжува опасно да ја загадува животната средина.

Идејата за изградба на современа депонија во Југозападниот регион во земјава со години тапка во место. Не е предвидена ниту локација откако поради протести отпадна селото Годивје во Дебрца.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани