Охрид лидер по имунизација, граѓани примаат и трета доза

Охрид лидер по имунизација. Општината е на врвот,  меѓу градовите во земјава со најголем опфат на вакцинирани граѓани против Ковид-19.

Околу  64%   од населението над 18 години се имунизирало.

Од Здравствениот дом, велат интерес има и за трета доза на вакцина и тоа најчесто од страна на  здравствените работници и постарите лица кои се вакцинирале меѓу првите.

-„Во последно време веќе има заинтересираност и на младата популација под 40 години и помладите од 17 години нагоре. Веќе почнува вакцинација со трета доза тоа е почеток и доаѓаат за вакцинација за трета доза, оние кои први примија. Тоа се здравственте работници а доаѓаат и посатри лица кои примиле вакцина во странство. Моментално располагаме со фајзер, АстраЗенека и Синофарм“, вели д-р Соња Мариноска од Здарвствен дом Охрид.

За разлика од почетокот на вакцинацијата кога дневно се вакцинираа и по илјада лица сега бројката е намалена, но вакцинацијата се одвива непречно,  без закажување од понеделник до сабота.

-„Нема редослед немат термини закажани граѓаните ги очекуваме секојдневно работиме од 7 до 14 часот кога имаше поголеми гужви и навала работевме во две смени работиме од понеделник до сабота. Секогаш имаме доволен број вакцини“, додава Мариноска.

Здравствените работници ги повикуваат граѓаните кои се уште не пристапиле кон вакцинација да го направат тоа без двоумење, бидејки секојдневно научните студии потврдуваат дека вакцините се ефикасни и ефективни.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани