Општина Охрид има преземено активности за колекторот на Охридско Езеро и има јавно претпријатие Колектор кое е под државна капа. Државата и општината се обврзаа дека ќе се санира колекторот, со истиот треба да се покриени сите места за да нема загадување на езерото. Тоа е клучно за Езерото, рече Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник на Охрид на вечерашната дебата на Македонската телевизија.
Според него има делови кои не можат да се опфатат со колекторот, но како локална самоуправа треба да се реши проблемот во оние места каде нема канализациона мрежа и истата да се формира.
– Сето тоа се решава или може да се среди за 4 години или за еден мандат, рече Пецаков.
Пецаков ветува велосипедска патека до Сфети Стефан и реконструкција на плоштадите Крушевска република и Свети Климент Охридски.
– За реконструкција на плоштадот свети Климент Охридски потребно е собирање на документација и угостителските објекти ќе добијат унифициран изглед како што треба да изгледа еден таков дел од градот. Велопсиедската патека ќе биде само почеток на она што треба да биде велопсиедска патека по целото крајбрежје или и од Свети Стефан па до границата, рече Пецаков.
Тој посочи дека овие работи се неопходни бидејќи во градот ништо не е направено во периодот на СДСМ
„Принципот на кој делувавте покажа дека во се се согласувате или се согласувате со тоа што правело ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го покажавте со тоа што продолживте проекти од претходната локална самоуправа, ама тоа покажува дека ништо ваше не сработивте“, кажа Пецаков.
Според него во моментов сериозен предизвик е да се исполни и да се биде на патот на она што УНЕСКО го посочува за Охрид.
„Предизвик е спроведување на насоките од УНЕСКО, се разбира ако сакаме да го задржиме статусот на Охрид дивоградбите и нивното решавање се клучни. Тоа се актуелизира или овој проблем се актуелизира сега и да тие се проблем и треба да се реши ова, ама тоа ќе се случи кога ќе се решат деталните урбанистички планови. Тогаш ќе се реши и проблемот со дивоградбите“, рече Пецаков.
