Кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, синоќа беше во посета на Велгошти.
-Велгошти и велгоштани се стожерот на ВМРО од каде што започнуваат сите големи победи, народ кој во своите срца има достоинство, посветеност и жртва.
Позитивната атмосфера и огромното расположение за промени кај жителите ја има насекаде, во секоја куќа.
За Велгошти гарантираме:
Изградба на дренажен канал за атмосферска вода покрај улица „Воденичарска”.
Асфалтирање на патот кој води до црквата ,,Света Недела”.
Изградба на атмосферска канализација и тротоар на главната улица „Илинденска“.
Уредување на паркингот кај црквата ,,Свети Климент”.
Изградба на мултифункционално спортско игралиште.
Изградба на фитнес зона“, вети Пецаков.

Пецаков со кандидатте за советници беа во посета и на селото Куратица. Жителите на Куратица се подготвени за промени, за иднина за сите, рече Пецаков.
-За Куратица гарантираме:
Изградба на нов водовод во Куратица.
Асфалтирање на патот до црквата ,,Света Богородица”.
Тампонирање на патот од Куратица до Злести.
Да го вратиме сјајот на сите населени места со победа уште во првиот круг на 17 октомври, повика Пецаков.

