Физичкото образование е еден од најбитните сегменти во севкупниот образовен процес, кој има повеќекратни позитивни ефекти врз идниот развој на младите, рече на денешната прес конференција Наум јамандиев кандидат за советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
Спортската активност е клучен фактор за создавање на здрави генерации какви што ѝ се потребни на Општина Охрид. Во таа насока, за потребите на жителите на Лескоец и за здравиот развој на младите гарантираме изградба на спортска сала во рамките на ОУ „Ванчо Николески“ со цел подобрување на физичкиот развој. Придобивки од овој проект имаат и спортските клубови во село Лескоец.
Образовниот процес не е само теоретска наобразба на учениците од учебници. Основното образование е темел на нашата иднина, расадник на нова идна генерација мислители, научници и иноватори, уметници, водачи и креатори на новите стандарди и на новиот начин на живеење во Охрид.
За таа цел гарантираме изградба на ново, современо основно училиште.
Заокружи 7 за Образование за сите!
7 за Промени, Проекти, Победи!
7 за Д-р Кирил Пецаков, и ВМРО-ДМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“, повика Јамандиев.
