Во Вевчани се отвора фабрика за канабис

Повеќе месечните преговори и одличните понудени услови од страна на општина Вевчани кон инвеститорите вродија со плод.

Во текот на вчерашниот ден имавме средба на која си подадовме рака со управителот и сопственик на фирмата “ФЛАУЕР ПАУЕР” ДОО Вевчани, господинот Matthieu van der Born.
За кратко време во Вевчани отпочнува со работа фабриката за производство на медицински канабис, масло од канабис и други производи .
Станува збор за повеќе.милионска инвестиција во ова модерно производство
За нас како општина Вевчани посебно е задоволството што се отвараат 50- тина нови добро платени работни места, со што ќе се реши егзистенцијата на исто толкав број вевчанци.
Нашите заложби за привлекување на инвеститори во општина Вевчани , отварање нови работни места, како и подобар живот за граѓаните се континуирани.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани