Стружни ќе може да учевствуваат во креирањето на буџетот

Со цел зголемување на транспарентноста и директно вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки во локалната власт, Општина Струга информира дека од денеска, граѓаните имаат можност да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2022 година, информираат од општина Струга. 

За таа цел, Општината ги повикува сите граѓани до 18 декември 2021 година, да ги посочат проблемите со кои се соочуваат, како и да дадат предлози за подобрување на условите за живот во нивните населени места, преку е-маил адресите:
info@struga.gov.mk ose
kryetari@struga.gov.mk
Предлозите ќе бидат анализирани од страна на стручни лица, од Одделнијата и Секторите на Општината, по што, согласно можностите и надлежностите, ќе следува реализација на предложените проекти.
Секторот за финансиски прашања објасни дека буџетот е изготвен врз основа на податоците собрани од сите општински сектори и одделенија, јавните претпријатија, основните и средните училишта, како и детските градинки.
Исто така, Ве известуваме дека на 21.12.2021 ќе се одржи Буџетски Форум. За таа цел ги покануваме сите заинтересирани граѓани, невладини организации и месни заедници да учествуваат и да придонесат се со цел инклузивност во креирањето на буџетот, стои во соопштението на општина Струга. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани