Вевчанскиот регион се уште во мрак

Целиот струшки регион од Велешта и Вевчани до Дримкол и Малесија се уште е без електрично напојување.

Струја немаат од утрово, повеќе од 13 часа. Проблем имаат и со телекомуникациите. Револтирани бараат надлежните итно да го средат проблемот бидејќи поголемиот дел од нив се греат ма електрична енергија.

– Смрзнавме, цел ден без струја. На свеќи во мрак. Страшно 20 сантиметри снег и гледаме  Мепсо и Евн  колку се неспособни.  Дома имаме деца мали, фрижидерите со храна ни се одмрзнаа, велат во изјава за Охриднет жители на Вевчани.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани