Приведен скопјанец агресивно се однесувал во казино.
На 11.12.2021 година во 18.20 часот, пред казино лоцирано на улицата „Абас Емин“ во Охрид, Р.Х.(41) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените а потоа и кон полициските службеници кои пристигнале на местото. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
