50 лица со попречност вработени и самостојни во струшко

Попреченоста  не е препрека  на патот кон  успехот. За тоа е доказ стружанецот Даниел Шикоски – првиот театарски  режисер со хендикеп во земјава, во последните педесет години,  кој дипломирал со просек 10.

26 годишното момче вели не беше лесно да се успее  во средина каде атипичните се маргинарилизирани,  но љубовта кон драмата и пишаниот збор биле пресудни.

– Секогаш можеме да успееме ако ние сме упорни и решителни во нешто да успееме, вели Даниел Шикоски лице со попреченост.  

Над педесет лица со посебни потреби во струшко изминативе 18 години се вработени. Стекнале  социјални  и работни вештини за самостоен живот и егзистенција.  Денес се работоспособни и корисни во општеството.

Еден од нив е Васко Јовчески од село Луково, кој откако починале неговите родители живее потполно сам.

„ Сам готвам, земам пари плаќам сметки и за јадење и апчиња“ , вели Васко Јовчески лице со попреченост. 

Игор Шајноски е првиот и најдобриот продавач на списанието „Лице в лице“ во земјава. И тој е потполно самостоен.

 „Со драга волја работам за да можам да остварам нови работни вештини“, вели Шајноски лице се попреченост. 

Центарот Порака Нова 18 години се грижи за своите штитеници да бидат самостојни и работоспособни.

– Ние посредуваме при вработувањето на лицата со попреченост во заштитните друштва во Струга. Имаме многу добра соработка освен што ги поврзуваме со самите семејства вршиме и дирекно вклучување  во самиот процес, вели Стефан Малески координатор во „Порака Нова“.

Од Порака Нова апелираат што  повеќе фирми во својот работен процес да вклучат лица со попреченост, бидејќи токму овие луѓе умеат да бидат вредни и успешни работници.

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани