Прекрасно видео од репродуктивниот центар на елени на Галичица

НП Галичица на својата фејсбук страна сподели прекрасно видео од репродуктивниот центар на елени. Расте бројот на единки кои живеат во репродуктивниот центар, кој е изграден во 2019 година.

 Во објектот има комплетна инфраструктура како карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници,а првично беа сместени 30 елени од кои 24 женки.

Оваа активност е дел од поширокиот проект за подобрување со управувањето на Националниот парк „Галичица” преку заштита, конзервација на биолошката разновидност и мониторинг, финансиран од Програмата на Европската унија „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја”. Програмата што опфаќа повеќе проекти низ целата земја изнесува 4,3 милиони евра, а ја спроведуваат Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.

 ВИДЕО: 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани