Вчера во просториите на Административниот центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, беше одржан редовниот годишен состанок на Епархискиот управен одбор на Дебарско-кичевската епархија, под претседателство на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
На состанокот беше усвоена Завршната сметка на Епархијата за 2021 година, а беше усвоен и Предлог буџетот на Епархијата за 2022 година. Исто така, беа разгледани повеќе прашања од тековниот живот на Епархијата. На состанокот присуствуваа сите членови, и тоа:
архимандрит Нектариј (Најдоски)
протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески
протоереј Васко Голабоски
Д-р Светослав Маџаров
Д-р Сашо Цветковски
Г-дин Перо Спасески и
протоереј-ставрофор Никола Христоски, во својство на секретар на ЕУО на ДКЕ и записничар на состанокот.
