Две нарушувања на јавниот ред и мир.
На 22.02.2022 година околу 20 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад и закани со остар предмет упатени од С.Б.(35) кон А.П.С., двајцата од Охрид. По целосно документирање на случајот СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
На 22.02.2022 година околу 08.30 часот во СВР Охрид пријавено е дека во деловна просторија на улица „Новопроектирана“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.П. врз Г.К.(67), двајцата од Охрид. По целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
