Ново видео од убавините на Охридското езеро од објективот на нуркачот Никола Паскали.
-Дрвената шина, кајчето на Срјшче, ендемични флора и фауна се убавините кои ги среќаваме додека одиме до Пристаниште. Температурата на водата е од 09°С до 13,5°С во плитките делови. Направив и една фотографија додека снимам. Контраст, чист контраст, појаснува Паскали.

Паскали испрати апел учениците да учат во природа:
Еден апел до школите и учителите. Одете со децата секој викенд во природа. Секој викенд организирајте еколошки акции. Учете додека чистите. Многу може да се научи од ѓубрето, буквално има се и сешто и за секоја наука место. Еве петок да биде и настава во природа, на ледина.
МОРА СЕРИОЗНО ДА СЕ СВАТИ ПРОБЛЕМОТ СО ОТПАДОТ
ВО 21 ВЕК ЖИВЕЕМЕ СО ДЕПОНИИ ОКОЛУ НАС
СТОП ЗА ПЛАСТИКА ЗА ЕДНОКРАТНА УПОТРЕБА
