Попладнево со нож избоден началникот на струшката полиција. Тој е надвор од животна опасност, хоспитализиран во струшката болница. Напаѓачот е приведен.
-„Денеска (28.07.2023) околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода С.Н. (44) од струшкото село Велешта, затоа што денеска околу 17.30 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга со остар предмет го нападнал А.Д.(46) од Струга. А.Д. е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди. Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од СВР Охрид.
Началникот бил поврден со нож во грло при што му била нанесена рана од 12 сантиметри, тој е хоспитализиран на хируршкото одделение и е надвор од животна опасност.
